ВИДЕНО НАДГРАДЕНО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:90:"-ЕАјнштајне,Ајнштајне,сеерелативноАјнштајне

    1 И СДСМ се зарази од популистичкиот вирус. И тие како и ВМРО-ДПМНЕ кога дојде на власт ќе ја качувале платата на администрацијата.
    Веќе видено. Ама сега имаме и надградено. Нема да се качива само платата. За дополнителна мотивација државата ќе им плаќа до една четвртина од каматата на потрошувачките кредити што вработените од администрацијата ќе ги земаат во банка.
    А ние што работиме по прватни фирми? Нека не дотепаат. Зошто и нам не ни плаќаат камата? Затоа што не можат да не контролораат за кого ќе гласаме, па не сме им важни во предизборната кампања.
    Малку им ги плаќама платите, па сега и кредитите да им ги враќаме. И зошто само потрошувачки кредити? Дај и станбени нека им дадат. Кога веќе ја храниме се побројната партиска војска дај тогаш и становите да им ги купиме.
    И едните и другите се свесни дека имаме огромна и неефикасна државна администрација. И дека кога – тогаш ќе дојде денот кога ќе мора да се отпуштаат од работа оти ќе нема кој да ги храни. И бидејќи само тие им се важни, на крај на избори ќе излегува само јавната администрација, а останатите ќе ги гасат телевизорите.
    Наместо да ја намалуваат администрацијата, тие ја прават уште поатрактивно место за вработување.Да се испоубијат кога ќе лепат плакати.

    2 Ги гледав младите социјалдемократи како правеа пародија на Железничката станица во Битола и купуваа карти за Лерин. Оти Груевски ветил, а не остварил повторно отварање на железничката линија. Ги гледав и како се зафркаваа со слободната економска зона во Прилеп и отвараа фабрики. Оти Груевски ветил, а не остварил.
    Сега очекувам ВМРО-вците да одат на железничката станица во Крива Паланка и да си купат карта за воз за Софија. Ќе се возат по пругата што ја градеше Бранко. Можат да одат и на автобуската во Велес да си купат карта за Прилеп, па со автобус да се повозат преку Бабуна. По патот што во две предизборни кампанњи почнуваше да го гради Бранко.
    Го слуќам Гордан Георгиев дека СДСМ проектот “Скопје 2014” Ќе го претвори во “Македонија 2014”. И спомениците ќе ги селат низ Македонија. Фино. Ќе прават дополнителни трошоци. ВМРО-ДПМНЕ фрли неброени милиони за да ги донесе во Скопје. СДСМ нека фрла пари за да ги преселат.
    А да им текнеше нешто ново?
    Јас не очекував дека Радмила ќе се кандидира за премиер за да ги исправа проектите на Никола. Оти ако некој не ги сака проектите на ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема да гласа за СДСМ за да му даде шанса ги надгради.
    Баш ме интересира дали во СДСМ размислуваат како технички ќе го изведат селењето на спомениците. Еве на пример нека пробаат да ги преселат до Дебар. Или да ги возат до Делчево.
    Не можат. Прво ќе мораат да направат пат.

    3 Кога ги гледав министрите како во кампањата отвараат дури и канти за Ќубре, си помислив дека веќе немаат идеја како да се пофалат.
    Би сакал да им помогнам. Одвај го чекам денот кога ќе се отвара новата зграда на Гинеколошката клиника во Скопје. Имам оригинална идеја за сценариото што му го нудам на ВМРО-ДПМНЕ. За да се избегнат оние здодевни и контрапродуктивни манифестации со сечење ленти на тезги, на општински згради, фрлање лопати на изградени објекти и возење во автобуси на кои веќе сите им се смеат.
    Кога ќе се отвара Гинекологија очекувам двете министерки Гордана и Бети први да седнат на гинеколошките столици. А нивните машки колеги, министрите ќе ја отвараат т.н. црвена соба за собирање сперма. Премиерот пак, нема да сече лента туку ќе им се обрати од снимен материјал. Наместо вообичаените порно фимлчиња, на телевизорите министрите ќе гледаат обраќање на Груевски. За да можат полесно да се возбудат.
    Нормално, и поповите без кои не поминува ниедно отварање ќе бидат таму. За да ги миропомазаат.

    4 Претседателот Ќорќе Иванов го цитираше Ајнштајн и рече дека “најважни се идеалите до кои се доаќа само со отворен ум. Кога новинарите го прашаа што мисли за демократијата во Македонија тој избега од камерите.
    Како во вицот кога мајка му на АјнШтајн му велела: Е АјнШтајне, Ајнштајне… Се е релативно АјнШтајне.
    Навистина. Се е релативно. Во Македонија дури и слободата на изразување на претседателот.
    Инаку, Иванов има право кога вика дека Македонија е земја на иноватори. Тој е најдобар пример за тоа. Кога успеаја во ВМРО него да го пронајдат за претседател, Македонија навистина е земја на пронаоѓачи.

    5 Амбасадорите на САД и на ЕУ Филип Рикер и Петер Соренсен ги седнаа на иста маса лидерите на ДПА и на ДУИ Мендух Тачи и Али Ахмети. Го натераа да потпиШат дека нема да пукаат на изборите.
    јас би се зачудил да не ги седнат. И јас би ги седнал да сум ги создал. Оти за нив закони не важат. Тие само Американецот го слушаат.
    Ај што Тачи и Ахмети не се среамат од нас Македонците. Ама како не им е срам од нивните гласачи? Како ли се чувствуваат кога знаат дека Рикер и Соренсен зад намсмевката на лицето го кријат стапчето за воспитување? Како ли им изгледаат на нивните следбеници кога седат како ученичиња пред очите на амбасадорите?
    Да не изгледаат многу командантски?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира