125 деца на возраст на возраст од 7 до 12 години успешно ги совладаа основните техники во пливање на третата по ред пливачка школа за оваа година ,,Пливај и Уживај‘’, организирана од „Еуролинк осигурување“ под раководство на Наташа Мешковска, соопшти осигурителната компанија.
Вчера на градскиот базен во Кавадарци се одржа последниот час од бесплатната пливачка школа, на која што наставата на часовите се реализираше по УССВИМ програмата (американска програма за обука на деца непливачи) под раководство на Мешковска и нејзиниот тим. На крајот од секоја школа младите учесници имаа организиран натпревар, а потоа им беа доделени дипломи за успешно завршена пливачка школа.
Во пливачката школа во Кавадарци, Мешковска откри талент за пливање кај 7-годишно девојче, кое за само осум часа успеа да ги научи четирите техники во пливањето.