Околу 500 учесници на трка на 5 километри во Британија трчаа во погрешна насока откако група тинејџери ги преместила знаците и препреките. Тркачите учествуваа во годишната трка „Епска акција“ во хуманитарни цели, која што почнува и завршува во Ајлшам, Норфолк.
Организаторот Стивен Хичам кажа дека за среќа немало многу сообраќај за време на трката, па бил избегнат посериозен проблем.
„За жал, планот на група тинејџери, кои ја променија рутата со знаци и препреки, ги одведе луѓето на погрешен пат по 2 километри“, кажа тој.
Тркачите се вратија на вистинската рута откако велосипедистот кој ги предводеше забележа што се случило по 3 километри, но на крај рутата испадна 5,25 километри.
Инцидентот е пријавен во полиција, а еден од локалните полицајци кој учествуваше во трката, рече дека станува збор за „најлошите деца во градот“.