Израелски фудбалер влезе во Гинисовата книга на рекорди откако стана најстариот играч кој настапил на професионален натпревар на 73 години. Голманот Исак Хајик го постави рекордот на вчерашниот натпревар на Ирони Ор Јехуда.
И покрај годините, тој кажа дека е подготвен за уште еден натпревар, откако ги одигра сите 90 минути. Тој доби награда од Гинисовата книга на рекорди на церемонија по мечот, само неколку дена пред неговиот 74. роденден.
Ирони Ор Јехуда игра во четвртата лига во Израел. Иако неговиот тим загуби со 5:1 од Макаби Рамат Ган, Хајик имаше неколку добри одбрани во текот на мечот.
Претходен рекордер беше Уругваецот Роберт Кармона, кој на 53 години настапи за тимот на Пан де Акусар во 2015 година.