8.500 ТРКАЧИ ОД 47 ЗЕМЈИ В НЕДЕЛА ЌЕ НАСТАПАТ НА 18. СКОПСКИ МАРАТОН, ЌЕ СЕ ТРЧА ПО ИЗМЕНЕТА ПАТЕКА

    8.500 ТРКАЧИ ОД 47 ЗЕМЈИ В НЕДЕЛА ЌЕ НАСТАПАТ НА 18. СКОПСКИ МАРАТОН, ЌЕ СЕ ТРЧА ПО ИЗМЕНЕТА ПАТЕКАСтартот е во осум часот, а целта е на плоштадот Македонија (Фото: СДК.МК)

    Осумнаесеттото издание на Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи в недела, но по делумно изменета патека, најави директорот Кире Синадиновски. Покрај главниот настан, ќе се трчаат и полумаратонот, штафетниот маратон и трката на пет километри, а стартот е во осум часот.

    „Новата патека е измерена од меѓународен лиценциран мерач и се здоби со А сертификат од АИМС и Светската атлетска федерација. Целта е на плоштадот Македонија. Учесниците на трката на пет километри ќе тргнат од Рекорд во правец на Аеродром, додека тркачите на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон ќе стартуваат од болницата ‘Св. Наум Охридски‘, па преку плоштадот продолжуваат преку улицата Теодосиј Гологанов кон Хром“, појасни Синадиновски.

    Пријавени се 8.500 учесници од 47 земји од целиот свет.

    „Со ова покажуваме дека овој спортски настан е веќе препознатлив на светско ниво. На сите тркачи им посакувам ‘лесни нозе‘ и да ги соборат своите најдобри времиња“, додаде Синадиновски.

    За оние кои нема да можат да го следат маратонот директно од скопските улици обезбеден е пренос преку официјалниот јутјуб канал на Македонскиот олимписки комитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира