АБРАМОВИЧ ПОТВРДИ ДЕКА ГО ПРОДАВА ЧЕЛСИ, ВЕЛИ ДЕКА ПРОФИТОТ ЌЕ ГО ДОНИРА ЗА ЖРТВИТЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    АБРАМОВИЧ ПОТВРДИ ДЕКА ГО ПРОДАВА ЧЕЛСИ, ВЕЛИ ДЕКА ПРОФИТОТ ЌЕ ГО ДОНИРА ЗА ЖРТВИТЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНАРускиот олигарх Роман Абрамович се надева дека ќе може да го посети „Стемфорд Бриџ“ за еден последен пат за да се поздрави лично со навивачите. (Фото: Фејсбук/Челси)

    Сопственикот на Челси Роман Абрамович потврди дека го продава англискиот фудбалски клуб Челси, велејќи дека тоа е најдобрата опција за клубот во актуелната ситуација. Рускиот милијардер во соопштението вели дека нето профитот од продажбата на клубот ќе биде дониран за помош на жртвите на војната во Украина, што е во спротивност со официјалната руска политика дека станува збор за „специјална воена операција“, а не за војна.

    „Со продажбата на клубот нема да се брза, туку ќе се следи потребната процедура. Нема да барам да ми бидат исплатени заемите. За мене, ова никогаш не беше за бизнис или за пари, туку од чиста страст за фудбалот и за клубот. Дополнително, му дадов инструкции на мојот тим да воспостави добротворна фондација и целиот нето профит од продажбата да биде дониран. Фондацијата ќе биде од корист за сите жртви на војната во Украина“, вели Абрамович во соопштението.

    Рускиот олигарх се надева дека ќе може да го посети „Стемфорд Бриџ“ за еден последен пат за да се поздрави лично со навивачите.

    Роман Абрамович го купи Челси во 2003 година за 140 милиони фунти, по што лондонскиот клуб од просечен тим во Англија стана еден од најдобрите во Европа, освојувајќи пет титули во Премиерлигата и две во Лигата на шампиони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира