Сопственикот на Челси Роман Абрамович соопшти дека го предава управувањето со лондонскиот фудбалски клуб на повереници од добротворната фондација на клубот.
Во соопштението, рускиот милијардер вели: „За време на моето речиси 20-годишно сопствеништво на Челси, јас секогаш ја гледав мојата улога во клубот како старател, чија работа е да се осигура дека ќе бидеме успешни како што сме денеска, како и да градиме за иднината, истовремено играјќи позитивна улога во нашата заедница. Секогаш носев одлуки со најдобриот интерес на клубот во срцето. Останувам посветен на овие вредности. Затоа, денеска им ги предавам на повереници од добротворната организација на Челси управувањето и грижата за Челси. Верувам дека тие во моментов се во најдобрата позиција да се грижат за интересите на клубот, играчите, стручниот штаб и навивачите“.
Потегот на Абрамович доаѓа по руската инвазија на Украина, наредена од рускиот претседател Владимир Путин, со кој 55-годишниот Абрамович има блиски врски.