АДРИЈАНА ПОП АРСОВА ИЗБОРИ НАСТАП НА МАРАТОНОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКА

    АДРИЈАНА ПОП АРСОВА ИЗБОРИ НАСТАП НА МАРАТОНОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКАПоп Арсова го обезбеди пласманот преку новиот ранкинг систем на Светската атлетска федерација (Фото: Фејсбук)

    Најуспешната македонска тркачка на долги патеки Адријана Поп Арсова ќе учествува на маратонот на годинашното Светско првенство во атлетика, што ќе се одржува во Будимпешта од 19 до 27 август.

    Како што објави нејзиниот клуб Делта, 33-годишната Поп Арсова го обезбеди пласманот преку новиот ранкинг систем на Светската атлетска федерација, кој претствува замена за претходниот квалификациски систем со исполнување норма.

    „Адријана со тоа стана првата атлетичарка во историјата на Македонија која обезбедила учество на ова големо натпреварување без вајлд-карта“, велат од АК Делта.

    Поп Арсова е првата Македонка која истрчала маратон за помалку од три часа и исто така е национална рекордерка во полумаратон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира