„АНГЛИЈА СЕ РАСПАДНА ПО ВОДСТВОТО“ – АНГЛИСКАТА ЈАВНОСТ ГО ОБВИНУВА СЕЛЕКТОРОТ ТУХЕЛ ЗА ПОРАЗОТ ОД АРГЕНТИНА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА СП

    „АНГЛИЈА СЕ РАСПАДНА ПО ВОДСТВОТО“ – АНГЛИСКАТА ЈАВНОСТ ГО ОБВИНУВА СЕЛЕКТОРОТ ТУХЕЛ ЗА ПОРАЗОТ ОД АРГЕНТИНА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА СПМеси имаше две асистенции откако Англија поведе со 1:0 (Фото: Фејсбук)

    Англија беше на прагот на своето прво финале на светските првенства од 1966 кога 39-годишниот Лео Меси со две асистенции им подготви голови на Енцо Фернандес и Лаутаро Мартинес и ја одведе Аргентина во неделниот меч за титулата против Шпанија. Англиската јавност во голема мера го обвинува селекторот Томас Тухел за поразот и за пропуштената историска шанса зашто прерано се обиде да го затвори натпреварот против селекција која веќе победуваше на ова СП со големи пресврти.

    Англија поведе со голот на Ентони Гордон во 55. минута и Тухел потоа во игра воведе тројца дефанзивци.

    Се распаднавме. Тоа почна од селекторот и неговите одлуки. Станавме премногу пасивни. Против овој тим, против светски шампион, нема да се извлечеш со тоа. Англија потфрли на најголемиот тест“, кажа бившиот англиски репрезентативец Вејн Руни.

    Тухел внесе двајца напаѓачи во игра дури во судиското продолжение, откако Англија имаше посед на топката од само 12% пред вториот гол на Аргентина.

    Тухел ги одигра своите карти прерано и тоа му се врати. Не можеш да очекуваш да се браниш 30 минути против квалитетен тим како Аргентина. Ова е сè до селекторот“, кажа другата англиска фудбалска легенда Алан Ширер.

    Според поранешниот англиски голман Џо Харт, Аргентина воопшто не испаничила по водството на Англија, туку покажала верба.

    Англиската фудбалска федерација веднаш по мечот објави дека Томас Тухел и натаму ја има поддршката и ќе ја води Англија на следното Европско првенство во 2028. Домаќини на ова ЕП се Англија, Шкотска, Велс и Ирска.

    Искрено, мислам дека овој тим игра најдобар фудбал кога е под притисок. Кога се мачиме, а противникот малку се двоуми, чувствуваме крв и се обидуваме со сè што имаме. Среќен сум, затоа што тимот се бореше до самиот крај, а тоа е фундаментално за мене. Дури и да бевме елиминирани, ќе знаевме дека сме оставиле сè на теренот“, рече селекторот на Аргентина, Лионел Скалони.

    Тој додаде дека Аргентина ја покажала својата најдобра страна откако Англија поведе во вториот дел.

    „По нивниот гол покажавме сè што сакаме да претставува фудбалот. Фудбалот не е само тактика или стратегија или играње атрактивен фудбал. Сè во што веруваме се одрази во последните 40 минути“, кажа Скалони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира