БАЕРН ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ НАГЕЛСМАН И ГО ЗАМЕНИ СО ТОМАС ТУХЕЛ

    БАЕРН ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ НАГЕЛСМАН И ГО ЗАМЕНИ СО ТОМАС ТУХЕЛНагелсман (лево) не ги оправда очекувањата оваа сезона, па на негово место дојде Тухел

    Баерн Минхен неочекувано му даде отказ на тренерот Јулијан Нагелсман и го замени со Томас Тухел, кој треба да го води тимот до јуни 2025. Клубот ги освои последните десет титули во Бундеслигата, но падна на второто место на табелата по поразот од Баер минатиот викенд, а во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе игра со Манчестер сити.

    Тухел беше без клуб откако Челзи го отпушти во септември, иако претходно му ја донесе втората европска титула.

    Кога потпишавме со Нагелсман во лето 2021, бевме убедени дека ќе работиме со него на долги патеки и тоа беше наша цел од самиот почеток. Сега дојдовме до заклучок дека квалитетот на тимот не доаѓа секогаш до израз. По Светското првенство играме помалку успешно и недоволно атрактивно. Затоа моравме веднаш да реагираме“, изјави извршниот шеф на Баерн, Оливер Кан.

    Пред Челзи, Тухел ги водеше ПСЖ и Борусија Дортмунд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира