ПОЧИНА БИВШИОТ ФРАНЦУСКИ ФУДБАЛЕР ЖАН-ПЈЕР АДАМС КОЈ ПОРАДИ ЛЕКАРСКА ГРЕШКА БЕШЕ ВО КОМА 39 ГОДИНИ

    ПОЧИНА БИВШИОТ ФРАНЦУСКИ ФУДБАЛЕР ЖАН-ПЈЕР АДАМС КОЈ ПОРАДИ ЛЕКАРСКА ГРЕШКА БЕШЕ ВО КОМА 39 ГОДИНИАдамс претрпел оштетувања на мозокот поради грешка во давање анестезија при рутинска операција (Фото: Гети)

    Поранешниот француски фудбалер Жан-Пјер Адамс почина на 75 години откако последните 39 години ги помина во кома. Адамс бил примен во болница во 1982 година за рутинска операција на коленото, но никогаш не ја повратил свеста поради грешка во давање анестезија.

    Роден во Сенегал, Адамс одиграл 140 натпревари за Ница, а дел од кариерата помина во ПСЖ и Ним. Од 1972 до 1976 година забележа 22 настапи за француската репрезентација.

    На денот на операцијата, голем дел од вработените во болницата во Лион биле во штрајк. Неговата операција сепак била закажана, при што анестезиологот во исто време се грижел за уште седуммина пациенти. Анестезиологот и специјализантот кој го надгледувал Адамс направиле низа грешки, што резултирало со срцев удар и оштетувања на мозокот. Двајцата биле казнети дури во 1990-ите и тоа со едномесечна суспензија и 750 евра.

    Адамс бил отпуштен од болницата по 15 месеци и оттогаш за него се грижела неговата сопруга Бернадет во нивниот дом во Ним.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира