БРАЗИЛСКИОТ ФУДБАЛСКИ ВЕЛЕМАЈСТОР КАКА ОБЈАВИ КРАЈ НА КАРИЕРАТА

    БРАЗИЛСКИОТ ФУДБАЛСКИ ВЕЛЕМАЈСТОР КАКА ОБЈАВИ КРАЈ НА КАРИЕРАТАПоследен кој ја освои „Златната топка“ пред да почне доминацијата на Кристијано Роналдо и Лео Меси. - Кака (Фото: Гети)

    Поранешниот најдобар светски фудбалер и светски шампион Кака објави дека се повлекува од зелените терени на 35-годишна возраст.

    Тој се огласи на социјалните мрежи, ставајќи крај на шпекулациите за својата иднина, откако во октомври му заврши договорот со американскиот клуб Орландо.

    „Мојата кариера на професионален фудбалер се завршува. Ми требаше време малку да размислам во мир. Зборував со најблиските и заклучив дека е момент да завршам со фудбалот. Подготвен сум за ново патување“, кажа Кака.

    Со само 20 години, тој беше најмладиот член на шампионскиот тим на Бразил на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, а потоа премина во Милан, со кој ги освои сите големи трофеи. Во 2009 година премина во Реал Мадрид во тогаш рекорден трансфер од 67 милиони евра, кога поради честите повреди неговата кариера почна да стагнира.

    Кака ја освои „Златната топка“ на ФИФА во 2007 година, последен пред да почне доминацијата на Кристијано Роналдо и Лео Меси.

    Играјќи во генерацијата со Роналдо, Роналдињо, Ривалдо и Роберто Карлос, Кака се простува како еден од последните големи бразилски велемајстори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира