БРОНЗА ЗА ПЛИВАЧОТ МАРИО МИЦКОВСКИ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО БЕРЛИН И ЧЕТВРТИ МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА

    БРОНЗА ЗА ПЛИВАЧОТ МАРИО МИЦКОВСКИ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО БЕРЛИН И ЧЕТВРТИ МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈАМицковски беше трет на 100 метри слободно (Фото: Фејсбук)

    Пливачот Марио Мицковски ѝ го донесе четвртиот медал на Македонија на Специјалната олимпијада во Берлин. Под водство на тренерот Игор Димовски, Мицковски беше трет на трката на 100 метри слободно.

    Пливачите го освоија првиот медал во четвртокот, кога Стефан Трпковски се закити со сребро на 100 метри грбно.

    Први кои се искачија на подиумот беа атлетичарите, откако Агрон Хајредини освои злато, а Јулијана Петровска сребро во скок во далечина од место.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира