ДЕЈАН ПАНОВСКИ ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СКИЈАЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

    ДЕЈАН ПАНОВСКИ ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СКИЈАЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈАВо својата кариера, Пановски настапи на Зимските Олимписки игри во 1998 и 2002

    Еден од најуспешните македонски скијачи и поранешен олимпиец Дејан Пановски е избран за нов претседател на Скијачката федерација на Македонија (СФМ). Тој беше едногласно избран од присутните 13 клубови на изборното собрание на СФМ. Неговиот мандат ќе трае една година, по што ќе се одржи ново изборно собрание.

    „Како спортист и голем вљубеник во планините и скијањето, максимално ќе се посветам за конечно да имаме видливи позитивни резултати и напредок во овој спорт. Во наредниот период сите активности ќе бидат насочени кон унапредување на квалитетот на сите спортови во рамките на Скијачката федерација на Македонија, обезбедување средства за млади, надежни натпреварувачи и кон популаризација и заживување на скијачките клубови, а со тоа и на зимскиот спорт во нашата земја“, изјави Пановски.

    Во својата кариера, Пановски настапи на Зимските Олимписки игри во 1998 и 2002, како и на две светски првенства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира