Легендата на Манчестер јунајтед и шкотскиот фудбал Денис Ло објави дека има деменција и тој е последниот во низата британски фудбалери на кои им била дијагностицирана дегенеративна мозочна болест. Минатата година, и сер Боби Чарлтон откри дека боледува од деменција.
Осумдесет и едногодишниот Ло постигна 30 голови на 55 мечеви за Шкотска, а во Манчестер јунајтед беше дел од славното напаѓачко тројство со Чарлтон и Џорџ Бест. Во 1964 година ја освои Златната топка како најдобар фудбалер во Европа.
Една студија од 2019 година покажа дека професионалните фудбалери имаат три и пол повеќе шанси да починат од деменција од општата популација.
Чарлтон е петтиот член на тимот на Англија кој стана светски првак во 1966 на кого му била дијагностицирана деменција. Претходно, од оваа состојба починаа неговиот брат Џек, Ноби Стајлс, Мартин Питерс и Реј Вилсон и се верува дека таа е поврзана со премногу удирање топка со глава.