ДЕШАН СЕ ПРОСТУВА ОД КЛУПАТА НА ФРАНЦИЈА СО „НАЈНЕПОСАКУВАНИОТ МЕЧ“ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

    ДЕШАН СЕ ПРОСТУВА ОД КЛУПАТА НА ФРАНЦИЈА СО „НАЈНЕПОСАКУВАНИОТ МЕЧ“ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВОПод водство на Дешан, Франција стана светски првак во 2018 и четири години подоцна беше втора (Фото: АП)

    Франција и Англија признаа дека не се среќни што ќе играат за трето место на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, што често се означува како најнепосакуваниот натпревар.

    Французите ја пропуштија шансата да играат трето финале по ред откако изгубија од Шпанија, додека Англичаните беа на прагот на своето прво финале од 1966, пред да примат два гола од Аргентина.

    Ова ќе биде последниот натпревар за 57-годишниот Дидје Дешан како селектор на Франција. Под неговото 14-годишно водство, Франција стана светски првак во 2018, четири години подоцна беше втора, а го играше и финалето на Европското првенство во 2016, кога изгуби од Португалија. Иако не е потврдено, се очекува на негово место да дојде Зинедин Зидан.

    Не сме среќни што играме за трето место, но имаме должност да ѝ донесеме бронзен медал на нацијата. Ова не е пријателски натпревар. Играчите, стручниот штаб и јас имаме должност да ја постигнеме оваа последна цел. Помалку е важно од финалето. Англија не сака да го игра овој натпревар, ниту ние. Но, еве нè“, рече Дешан.

    Мечот се игра од 23 часот по средноевропско време во Мајами.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира