ДВЕ ЗЛАТА ЗА СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА НА ИГРИТЕ ВО АБУ ДАБИ

    ДВЕ ЗЛАТА ЗА СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА НА ИГРИТЕ ВО АБУ ДАБИПрвите златни медали за нашиот тим на игрите во Абу Даби 2019 на Специјалната олимпијада Македонија. - Марио Мицковски и Стефан Трпковски со нивниот тренер Горан Андоновски (Фото: Фејсбук)

    Марио Мицковски и Стефан Трпковски од Специјалната олимпијада Македонија освоија златни медали на Летните олимписки игри кои се одржуваат во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Тие медалите ги освоија во пливање на 50 метри слободен стил.

    Специјалната олимпијада Македонија на социјалните мрежи објави дека ова се првите медали на учесниците од нашиот тим кој има 26 члена, како и фотографии од момчињата со нивниот тренер Горан Андоновски.  Летните олимписки игри Абу Даби 2019 се одржуваат од 14 до 21 март, со над 7.000 учесници од 190 земји, кои се натпреваруваат во 24 спортови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира