Естонката Алика Инкери Мосер постави нов светски рекорд во скок со стап во младинска конкуренција, натпреварувајќи се на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје.
Седумаесетгодишната Мосер прескокна височина од четири метри и 52 сантиметри во арената „Тодор Проески“, надминувајќи го досегашниот рекорд на Американката Аманда Мол за еден сантиметар, кој беше остварен пред три години.
Европскиот младински олимписки фестивал, што се одржува во Скопје и Куманово, трае до 26 јули и обединува повеќе од 4.000 спортисти на возраст од 14 до 18 години од 50 држави. Тие се натпреваруваат во 15 спортови: атлетика, пливање, гимнастика, џудо, велосипедизам, планински велосипедизам, ракомет, одбојка, баскет 3х3, бадминтон, стрелаштво, кајак, теквондо и пинг-понг. Влезот за сите настани е слободен.