ФИЛИП ЛАЗАРОВ ПОВРЕДЕН, ВЕЛКО МАРКОСКИ ЈА ЗАСИЛУВА ОДБРАНАТА ПРОТИВ ГЕРМАНИЈА

    ФИЛИП ЛАЗАРОВ ПОВРЕДЕН, ВЕЛКО МАРКОСКИ ЈА ЗАСИЛУВА ОДБРАНАТА ПРОТИВ ГЕРМАНИЈАЗа првпат на Европското првенство во Хрватска, селекторот Раул Гонсалес ќе го вклучи во тимот и Велко Маркоски, кој изминативе години важеше за еден од столбовите на одбраната. (Фото: ХРС/Небојша Тејиќ)

    Македонската ракометна репрезентација ќе добие засилување во одбраната за вечерашниот последен натпревар од Ц-групата против Германија (18.15 ч.), на којшто ќе се обиде да го одбрани првото место.

    За првпат на Европското првенство во Хрватска, селекторот Раул Гонсалес ќе го вклучи во тимот и Велко Маркоски, кој изминативе години важеше за еден од столбовите на одбраната, но на средбите со Словенија и со Црна Гора остана на трибините.

    Маркоски ќе добие шанса по повредата на Филип Лазаров, кој досега сосема солидно ја користеше својата минутажа, постигнувајќи вкупно пет гола. Сепак, левиот бек има повреден мускул на ногата, па Гонсалес нема да ризикува со него вечерва.

    Македонија има еден бод повеќе од Германија, па за задржувањето на првото место ќе ѝ биде доволно и реми, но во случај на победа, ќе пренесе четири бода во вториот круг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира