ФРАЊО ФОН АЛМЕН СТАНА ТРЕТ СКИЈАЧ СО ТРИ ЗЛАТА НА ЕДНА ОЛИМПИЈАДА

    ФРАЊО ФОН АЛМЕН СТАНА ТРЕТ СКИЈАЧ СО ТРИ ЗЛАТА НА ЕДНА ОЛИМПИЈАДАФон Алмен стана олимписки првак во спуст, тимска комбинација и супервелеслалом (Фото: АП)

    Швајцарецот Фрањо фон Алмен стана трет алпски скијач во историјата кој освоил три златни медали на едни олимписки игри. Тој го комплетираше подвигот откако денеска победи на супервелеслаломот со време од 1:25,32 минути.

    Американецот Рајан Кокран-Сигл го повтори резултатот од Пекинг пред четири години и освои сребро, додека трет беше големиот фаворит Марко Одермат од Швајцарија.

    Дваесет и четиригодишниот Фон Алмен, кој во помладите години ја финансираше својата кариера преку донации, претходно стана олимписки шампион во спуст на првиот натпреварувачки ден на Игрите и заедно со Танги Неф славеше во новата дисциплина тимска комбинација.

    Пред Фон Алмен, три злата на една олимпијада освоија Тони Зајлер во Кортина д‘Ампецо во 1956 и Жан-Клод Кили во Гренобл во 1968.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира