Фудбалските второлигаши Брегалница од Штип и Питу Гули од Крушево го одиграа првиот натпревар после 60 години. Победи Брегалница со 5:0.
Последниот натпревар бил одигран во сезоната 1958/59, а првиот од вкупно три меѓусебни дуели се случил во 1950, кога Брегалница по административен пат влегла во Републичката лига.
Првиот натпревар го добил Питу Гули со 2:1, а во реваншот, по водството на крушевчани од три гола, во второто полувреме Брегалница постигнала шест голови и победила со 6:3
Таа сезона Брегалница го освоила 9. место и останала во лигата, а Питу Гули испаднал, за потоа веќе никогаш да не се сретнат. Крушевскиот тим оваа сезона е на прагот да ја доживее истата судбина, затоа што е на последното место со само три бода. Брегалница со оваа победа се зацврсти на втората позиција, зад Беласица и атакува на враќање во Првата лига.
Т. ЈОВАНОВСКИ