ГЕРМАНЕЦОТ ТОМАС ТУХЕЛ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ СЕЛЕКТОР НА АНГЛИЈА

    ГЕРМАНЕЦОТ ТОМАС ТУХЕЛ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ СЕЛЕКТОР НА АНГЛИЈАНајголемиот успех на Тухел е освојувањето на Лигата на шампионите со Челзи во 2021 (Фото: АФП)

    Германецот Томас Тухел се согласил да биде нов селектор на англиската фудбалска репрезентација, откако вчера се забрзале преговорите со Фудбалската федерација на Англија. Педесет и едногодишниот Тухел ќе биде третиот странец на клупата на Англија, по Свен-Горан Ериксон и Фабио Капело.

    Тухел беше без работа откако го напушти Баерн во мај и досега воопшто не се доведуваше во врска со селекторската функција, која остана слободна откако Гарет Саутгејт поднесе оставка по Европското првенство во Германија. Репрезентацијата во меѓувреме ја водеше Ли Карсли.

    Се очекува Тухел денеска да им се обрати на медиумите.

    Тухел имаше кратка играчка кариера во нисколигашки германски клубови, пред да премине во тренери во 2007. Првиот поголем ангажман го имаше во Мајнц, а потоа следеа Борусија Дортмунд, ПСЖ, Челзи и Баерн. Најголемиот успех му е освојувањето на Лигата на шампионите со Челзи во 2021, па ова ќе биде негово враќање во Англија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира