ГЕРМАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ МАЈНЦ ИЗБРКА ФУДБАЛЕР ПОРАДИ ПРОПАЛЕСТИНСКА ОБЈАВА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

    ГЕРМАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ МАЈНЦ ИЗБРКА ФУДБАЛЕР ПОРАДИ ПРОПАЛЕСТИНСКА ОБЈАВА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИАнвар Ел Гази прво беше суспендиран на 17 октомври (Фото: Гети)

    Холандскиот фудбалер Анвар Ел Гази доби отказ од германскиот прволигаш Мајнц поради пост на социјалните мрежи за актуелниот конфликт помеѓу Израел и Хамас. Ел Гази беше суспендиран на 17 октомври откако објави пост кој беше сфатен како пропалестински настроен.

    Загубата на работата е ништо во споредба со пеколот што се истура врз невините и ранливите во Газа. Застанете за она што е исправно, дури и ако тоа значи да останете сами“, напиша Ел Гази на Икс по раскинувањето на договорот.

    Клубот потврди дека го избркал Ел Гази поради неговите објави на социјалните мрежи.

    Ел Гази зазеде позиција за конфликтот на Блиски Исток на начин што не може да се толерира во клубот“, соопшти Мајнц.

    Стадионот на Мајнц го носи името на еден од основачите на клубот Еуген Саломон, кој почина во Холокаустот во 1942.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира