Голманот на германската репрезентација и Баерн, Мануел Нојер, откри дека имал рак на кожа и дека бил на три операции, откако го најави своето учество во козметичка компанија заедно со германската тениска ѕвезда Ангелик Кербер.
„Двајцата имаме наша лична историја со кожни болести. Во мојот случај, тоа беше рак на кожата на лицето, за кој веќе бев трипати на операција“, изјави 36-годишниот Нојер.
Капитенот на Баерн не играше во изминатиот период поради повреда на рамото, но би можел да се врати во тимот претстојниот викенд.
Шпекулациите за можна болест на Нојер се појавија во декември минатата година, кога беше снимен со фластер на лицето, на кое и денес има видлива лузна.