ХАНСИ ФЛИК ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ЈОАКИМ ЛЕВ КАКО СЕЛЕКТОР НА ГЕРМАНИЈА

    ХАНСИ ФЛИК ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ЈОАКИМ ЛЕВ КАКО СЕЛЕКТОР НА ГЕРМАНИЈАФлик го напушти Баерн откако за две години ги освои сите можни титули (Фото: Ројтерс)

    Довчерашниот тренер на Баерн, Ханси Флик, ќе биде новиот селектор на германската фудбалска репрезентација, заменувајќи го Јоаким Лев по претстојното Европско првенство. Флик потпиша договор со важност до 2024.

    „Многу сум возбуден, зашто гледам со каква класа на фудбалери располага Германија, особено помлади“, изјави Флик, кој му беше помошник на Лев кога Германија ја освои последната светска титула во 2014.

    Тој во април објави дека ќе го напушти Баерн на крајот на сезоната, откако беше назначен за привремен тренер во 2019, за потоа да ги освои сите можни титули, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите лани. Флик со Германија ќе гостува во Македонија на 11 октомври, во рамките на квалификациите за СП 2022 во Катар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира