ХИРШЕР ЈА ИЗРАДУВА ДОМАШНАТА ПУБЛИКА НА СЛАЛОМОТ ВО КИЦБИЛ, РАЈДИНГ СО ИСТОРИСКИ РЕЗУЛТАТ ЗА БРИТАНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Кицбил,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ХИРШЕР ЈА ИЗРАДУВА ДОМАШНАТА ПУБЛИКА НА СЛАЛОМОТ ВО КИЦБИЛ, РАЈДИНГ СО ИСТОРИСКИ РЕЗУЛТАТ ЗА БРИТАНИЈА

    Скијачкиот викенд во Кицбил, Австрија, заврши денеска со машката слалом трка на легендарната патека „Ганшлерн“ и австриската публика ја израдува домашниот скијач Марсел Хиршер, кој го освои првото место пред големото изненадување, Дејв Рајдинг од Велика Британија.

    Рајдинг, кој имаше водство по првото возење, со втората позиција го повтори најдобриот британски резултат во историјата на Свесткиот куп во алпско скијање, откако во 1981 година неговиот сонародник Конрад Бартелски беше втор на спустот во Вал Гардена, Италија.

    „Кицбил е како финалето на ФА купот во Англија. Спустот е број еден, но и слаломот е, исто така, многу важен. Навивачите се неверојатно“, кажа Рајдинг по трката.

    Тројцата освојувачи на места на подиумот, Рајдинг, Хиршер и Хорошилов. (Фото: СДК.МК)

    Тројцата освојувачи на места на подиумот, Рајдинг, Хиршер и Хорошилов. (Фото: СДК.МК)

    Хиршер беше деветти по првото возење, но на крајот имаше вкупно време за 0,76 секунди подобро од Британецот.

    „Сезонава досега, првите возења секогаш ми се послаби, можеби премногу размислувам за освојување бодови. Меѓу двете возења, размислувам што можам да направам да направам за да бидам побрз во второто возење. На крајот, решавам да ризикувам и не ми е важно дали ќе завршам трката или ќе излетам“, вели Хиршер.

    Tрет беше Александер Хорошилов од Русија со заостанување од 1,11 секунди.

    На вчерашнатра спуст трка во Кицбил победи Италијанецот Доминик Парис, а во петокот Австриецот Матијас Мајер триумфираше на супервелеслаломот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира