ХЈУНДАИ ВЕЌЕ НЕ САКА ДА ГО СПОНЗОРИРА ЧЕЛСИ ПОРАДИ АБРАМОВИЧ

    ХЈУНДАИ ВЕЌЕ НЕ САКА ДА ГО СПОНЗОРИРА ЧЕЛСИ ПОРАДИ АБРАМОВИЧХјундаи имаше четиригодишен договор за спонзорство на Челси, според кој лондонскиот клуб инкасираше 50 милиони фунти годишно. (Фото: Хјундаи)

    Корејскиот автомобилски гигант Хјундаи соопшти дека го суспендира спонзорството на Челси откако беа објавени санкции против сопственикот на англискиот фудбалски клуб Роман Абрамович, поради неговата поврзаност со рускиот претседател Владимир Путин.

    Хјундаи имаше четиригодишен договор за спонзорство на Челси, потпишан во 2018 година, според кој лондонскиот клуб инкасираше 50 милиони фунти годишно.

    „Хјундаи стана еден од најсилните партнери во фудбалот низ годините и компанијата го поддржува спортот да биде сила на доброто“, соопшти компанијата.

    „Низ нашето партнерство со Челси, ние станавме горди поддржувачи на играчите, навивачите и на фудбалот. Но, во актуелните околности, донесовме одлука да ги суспендираме нашите маркетиншки и комуникациски активности со клубот на неодредено“, додадоа од Хјундаи.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира