ИСЧЕЗНАТИОТ ИГРАЧ НА КАРДИФ ЕМИЛИЈАНО САЛА ИСПРАТИЛ ПОРАКА ОД АВИОНОТ ДЕКА МОЖЕБИ ЌЕ СЕ УРНАТ

    ИСЧЕЗНАТИОТ ИГРАЧ НА КАРДИФ ЕМИЛИЈАНО САЛА ИСПРАТИЛ ПОРАКА ОД АВИОНОТ ДЕКА МОЖЕБИ ЌЕ СЕ УРНАТСала во саботата потпиша за Кардиф, а во понеделникот отпатува за Нант да се збогува со бившите соиграчи (Фото: Гети)

    Емилијано Сала, аргентинскиот напаѓач кој во саботата потпиша за премиерлигашот Кардиф сити, испратил драматични пораки од авионот со кој патувал за Велс непосредно пред тој да исчезне од радарот.

    Дваесет и осумгодишниот Сала се враќал од Нант, каде што бил да се збогува со своите бивши соиграчи, кога малиот авион „пајпер малибу“ исчезнал над Каналските Острови во понеделникот вечер. Освен Сала, во авионот бил и еден пилот и спасувачките екипи и по два дена сѐ уште немаат пронајдено никаква трага.

    „Многу сум уплашен. Во авион сум и мислам дека ќе се урне. Патувам за Велс и ако за час и половина не добиете нова порака од мене, не знам дали ќе ме пронајдат“, е пораката што Сала му го пратил на своето семејство преку апликацијата Вотсап.

    Полицијата објави дека потрагата продолжила утрово, но не очекуваат добри вести.

    „За жал, лично мислам дека нема надеж. Во овој дел од годината, условите на морето се ужасни“, изјави шефот на Воздушната потрага на Каналските Острови, Џон Фицџералд.

    Претседателот на Кардиф, Мемет Далман, изјави дека целиот клуб е во шок.

    „И натаму се молиме. Ќе ги превртиме сите камчиња додека не ги добиеме сите одговори“, кажа Далман, потврдувајќи дека Сала патувал во свој аранжман.

    Сала во саботата потпиша за Кардиф за 15 милиони фунти, станувајќи најскапиот играч во историјата на клубот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира