Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова срушија два државни рекорди на третата трка Скопје трча 10 км. Во машка конкуренција Ивановски победи со 31:07 минути, втор беше Милош Ранчиќ (33:44), трет Атанас Анчевски (33:49).
Во женска конкуренција прва беше Теодора Симовиќ од Србија (34:59), втора Андријана Поп Арсова (37:02) и трета Билјана Кираџиева (37:59).
Околу 2.000 тркачи учествуваа на трката по булевар Илинден во Скопје. Во рамки на трката беше и хуманитарна акција за донации насловена #ЗасадиВоздух со која од продадените маици се одделуваат средства за садници кои тимот на Скопје трча 10 км и Град Скопје ќе ги засадат на погодна локација.
Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички.