ЈАПОНКАТА НАОМИ ОСАКА ПОБЕДИ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

    ЈАПОНКАТА НАОМИ ОСАКА ПОБЕДИ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕНОсака беше подобра во финалето од Американката Џенифер Брејди со 2-0 во сетови. (Фото: Ројтерс)

    Јапонката Наоми Осака победи на Отвореното првенство на Австралија, освојувајќи ја нејзината четврта гренд слем титула. Дваесет и тригодишната Осака беше подобра во финалето од Американката Џенифер Брејди со 2-0 во сетови.

    Осака сега два пати има победено на Австралија опен, по триумфот во 2019 во Мелбурн и двете гренд слем титули на Отвореното првенство во САД во 2018 и 2020.

    Машкото финале е утре, со Новак Ѓоковиќ и Даниел Медведев. Ѓоковиќ втора година по ред ќе ја брани титулата на Отвореното првенство на Австралија, откако по деветти пат се пласираше во финалето на овој гренд слем турнир.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира