Поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров ќе ја прекине пензијата за да се натпреварува на турнир во САД следниот месец, велат организаторите. Каспаров, кој доминираше во шахот повеќе од 15 години, ќе игра против деветмина топ играчи во Сент Луис.
„Подготвени ли сте да видите дали се сеќавам како да ги движам фигурите? Дали ќе бидам во состојба одново да одам во пензија или не!?“, твитна Каспаров саркастично.
Каспаров го напушти шахот во 2005 година за да се вклучи во политиката и основаше опозициско движење наречено „Другата Русија“, кое што го обвинува рускиот претседател Владимир Путин за враќање на државата во диктаторското минато. Тој стана силен глас во политиката и дури се обиде му биде противкандидат на Путин во изборите за претседател на Русија во 2008 година. Државата ја напушти во 2013 година откако доби хрватско државјанство.
Каспаров беше најмладиот светски шаховски шампион на 22-годишна возраст, победувајќи го поранешниот советски велемајстор Анатоли Карпов во 1985 година, со импулсивен и енергетски стил кој што наеднаш му овозможи статус на рок звезда во светот на шахот.