ЛЕБРОН ЏЕЈМС ПОВИКА НА ЕДНАКВОСТ, ИГРАЈЌИ ВО ПАТИКИ ВО РАЗЛИЧНИ БОИ

    ЛЕБРОН ЏЕЈМС ПОВИКА НА ЕДНАКВОСТ, ИГРАЈЌИ ВО ПАТИКИ ВО РАЗЛИЧНИ БОИЛеброн Џејмс облече една бела и една црна патика, на кои стоеше натпис „еднаквост“, на средбата што се играше на километар и пол од Белата куќа (Фото: АП)

    Леброн Џејмс испрати јасна порака, носејќи патики во различна боја на натпреварот помеѓу Вашингтон и неговиот Кливленд, а потоа имаше што да каже и за Доналд Трамп.

    НБА-ѕвездата облече една бела и една црна патика, на кои стоеше натпис „еднаквост“, на средбата што се играше на километар и пол од Белата куќа.

    „Очигледно, ние добро знаеме каде сме сега и кој седи таму. Важно е да постојат еднакви права и да имаме можност да се бориме и да зборуваме за работи. Разговор е нешто што не смее да запре“, кажа Џејмс.

    Џејмс и порано сезонава има носено патики со пораката „еднаквост“, но ова беше првпат тие да се во различни бои.

    „Ова е прекрасна земја и ние никогаш нема да дозволиме една личност да диктира колку сме прекрасни и моќни. И досега кажував што мислам за човекот кој ни ја води државата. Еднаквоста значи да си ги разбираме правата, да разбираме за што се бориме и колку сме моќни, мажи, жени, белци, црнци или латино. Расата не е важна“, изјави најдобриот светски кошаркар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира