ЛЕДЕЦКА ИСПИША ИСТОРИЈА – СТАНА ОЛИМПИСКА ШАМПИОНКА И ВО СКИЈАЊЕ И ВО СНОУБОРДИНГ

    ЛЕДЕЦКА ИСПИША ИСТОРИЈА – СТАНА ОЛИМПИСКА ШАМПИОНКА И ВО СКИЈАЊЕ И ВО СНОУБОРДИНГЍ кажувале дека не може да биде најдобра во два спорта. - Естер Ледецка (Фото: АП)

    Естер Ледецка го потврди својот статус на снежна кралица на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, станувајќи прва личност во историјата која освоила злато во два различни спорта на една иста олимпијада.

    По изненадувачкиот триумф во супервелеслалом, дисциплина во којашто нема ниту еден подиум во Светскиот куп, 22-годишната Чехинка славеше и во својот примарен спорт – сноубординг. Таа стана нова олимписка првенка во дисциплината паралелен велеслалом, откако беше доминантна во сите три трки.

    Ова е фантастично. Ова е нешто навистина посебно и ќе мислам на овој момент до крајот на животот. Уживав во секоја трка и среќна сум што сум на врвот на подиумот“, изјави Ледецка.

    Минатата година, нејзиниот тренер Џастин Рајтер кажа дека Ледецка е еден од најдобрите живи спортисти на светот, но ретко кој можеше да предвиди ваков двоен триумф.

    Таа првпат застанала на скии кога имала само две години, а три години подоцна почнала да вози и сноуборд, дружејќи го својот брат Јонас.

    Од почеток имаше луѓе кои ми кажуваа дека не можам да бидам најдобра во два спорта, но јас сакав да пробам“, вели Ледецка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира