ЛЕГЕНДАРНИОТ ГОЛМАН БУФОН ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА НА 45 ГОДИНИ

    ЛЕГЕНДАРНИОТ ГОЛМАН БУФОН ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА НА 45 ГОДИНИВо текот на 28-годишната кариера Буфон стана светски првак со Италија во 2006 (Фото: Гети)

    Легендарниот голман и светски првак со Италија, Џанлуиџи Буфон, објави крај на играчката кариера на 45 години.

    Тоа е сѐ народе! Ми дадовте сѐ, јас ви дадов сѐ. Го направивме тоа заедно“, напиша Буфон на социјалните мрежи.

    Во текот на 28-годишната кариера Буфон стана светски првак во 2006 и освои десет шампионски титули со Јувентус и една со Пари Сен-Жермен. Во последните две години бранеше за италијанскиот второлигаш Парма, каде што и ја почна кариерата. Тој имаше договор и за следната сезона, но во претходната забележа само 19 настапи поради повреди.

    Произлегувајќи од академијата на Парма, Буфон дебитираше во Серија А во ноември 1995, пред да премине во Јувентус во 2001. Таму го помина најголемиот дел од кариерата, правејќи пауза во сезоната 2018/19, кога беше дел од ПСЖ.

    Во Серија А одигра рекордни 657 натпревари, додека дресот на репрезентацијата на Италија го носеше 176 пати, што е рекорд за голманите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира