ЛЕВАНДОВСКИ ИЗРАМНИ БУНДЕСЛИГАШКИ РЕКОРД ПОСТАВЕН ПРЕД 45 ГОДИНИ ОД НЕГОВИОТ ТРЕНЕР ХАЈНКЕС

    ЛЕВАНДОВСКИ ИЗРАМНИ БУНДЕСЛИГАШКИ РЕКОРД ПОСТАВЕН ПРЕД 45 ГОДИНИ ОД НЕГОВИОТ ТРЕНЕР ХАЈНКЕСПолскиот напаѓач сега има постигнато гол на сите 11 меча на Баерн на домашен терен сезонава. (Фото: ЕПА)

    Напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски го отвори резултатот на денешниот меч против Шалке во 6. минута и притоа израмни бундеслигашки рекорд на неговиот тренер Јуп Хајнкес.

    Полскиот напаѓач сега има постигнато гол на сите 11 меча на Баерн на домашен терен сезонава, постигнување што првпат го направи Хајнкес во сезоната 1972/73, кога играше за Борусија Менхенгладбах.

    72-годишниот тренер на Баварците беше принуден од дома да го следи мечот на „Алијанц Арена“ поради грип, па неговиот тим го води помошникот Петер Херман.

    Баерн на крајот славеше со 2:1.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира