ЛИНДЗИ ВОН ЈА СКРШИ ЛЕВАТА НОГА ОТКАКО ПАДНА НА ОЛИМПИСКИОТ СПУСТ

    ЛИНДЗИ ВОН ЈА СКРШИ ЛЕВАТА НОГА ОТКАКО ПАДНА НА ОЛИМПИСКИОТ СПУСТВон презеде голем ризик одлучувајќи да настапи само девет дена откако ги скина лигаментите на левото колено (Фото: АП)

    Скијачката легенда Линдзи Вон ја оперираше левата нога откако се здоби со фрактура при пад на спустот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

    Четириесет и едногодишната Американка презеде голем ризик одлучувајќи да настапи само девет дена откако ги скина лигаментите на левото колено. Таа беше на патеката само 13 секунди, кога закачи капија со рамото, изгуби контрола и тешко падна. Вон потоа со хеликоптер беше превезена во болница во Тревизо, каде што беше оперирана, што би можело да стави дефинитивен крај на една од најблескавите скијачки кариери.

    Попладнево, Вон беше подложена на ортопедска операција за стабилизирање на фрактурата на левата нога“, се вели во соопштението на болницата.

    Извор изјави за „Ројтерс“ дека таа е под надзор на одделот за интензивна нега и нагласи дека нема закана по нејзиниот живот.

    Американскиот скијачки тим претходно кажа дека Вон има повреда, но е во стабилна состојба.

    Олимписката шампионка од 2010 имаше одличен камбек оваа сезона, забележувајќи две победи во Светскиот куп, но на 30 јануари ги повреди предните вкрстени лигаменти на левото колено на трката во Кран-Монтана. И покрај тоа, таа не се откажа од настапот на ЗОИ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира