Македонските спортисти го завршија настапот на Специјалната олимпијада во Берлин со пет освоени медали, од кои едно злато, две сребра и две бронзи.
Медалите беа освоени во три спорта, а единственото злато го донесе атлетичарот Агрон Хајредини во скок во далечина од место. Во истата дисциплина Јулијана Петровска беше втора.
И пливачите се закитија со два медала: Стефан Трпковски беше сребрен на 100 метри грбно, а Марио Мицковски финишираше како трет на трката на 100 метри слободно.
Колекцијата медали ја заокружи Јане Никодиновски, освојувајќи бронза во бадминтон.