Македонија ќе биде еден од домаќините на Европското првенство за одбојкари во 2023 година, потврди денеска претседателот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Александар Боричиќ.
Со тоа, и најдобрите македонски одбојкари ќе задржат континуитет во настапите на европските првенства, откако дебитираа пред две години во Словенија и имаат обезбеден пласман на следното, што ќе се игра во септември во Чешка, Финска, Естонија и Полска.
Боричиќ на денешната средба со премиерот Зоран Заев во Скопје кажа дека ЦЕВ ја прифатила апликацијата на Одбојкарска федерација на Македонија да биде домаќин на една од групите.
Претходно во 2022, Македонија ќе го организира и Европското првенство за одбојкарки до 19 години.