Македонската фудбалска репрезентација месецов падна на 166. место на ранг листата на ФИФА, што е најлош пласман од нејзиното вклучување на листата во 1994 година. На ранкингот на ФИФА за март, објавен вчера, Македонија веќе е зад Косово (164), а од европските земји зад нас се само пет репрезентации: Малта, Лихтенштајн, Андора, Сан Марино и Гибралтар
Најдобар пласман на ФИФА листата, Македонија имаше во октомври 2008 година, кога беше на 46. место. Пред две недели, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски едногласно беше реизбран на функцијата со нов четиригодишен мандат до 2021 година. Ѓорѓиоски дојде на претседателската функција во ФФМ во 2012 година, кога го наследи Харалампие Хаџиристески.