МАКЕДОНИЈА СО ТРОЈЦА СКИЈАЧИ НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ПЕКИНГ

    МАКЕДОНИЈА СО ТРОЈЦА СКИЈАЧИ НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ПЕКИНГДардан Дехари ќе ја претставува Македонија на скијачките патеки (Фото: МОК)

    Македонија ќе има тројца претставници на претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг, кои почнуваат на 4 февруари, објави Македонскиот олимписки комитет. Двајца од нив ќе настапат во нордиското, еден во алпското скијање.

    Ана Цветановска ќе се натпреварува во крос кантри и тоа во три дисциплини: 7,5 километри слободно, 7,5 километри скијатлон и 10 километри класично. Ставре Јада, за кого ова ќе бидат втори ОИ, ќе трча на 1,5 и на 50 километри слободно.

    Дардан Дехари е избран да ја претставува Македонија на скијачките патеки и ќе ги скија дисциплините слалом и слалом/велеслалом.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира