МЕСТО БОРБА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ, РАКОМЕТАРИТЕ ЗАВРШИЈА ПОСЛЕДНИ ВО ГРУПАТА

    МЕСТО БОРБА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ, РАКОМЕТАРИТЕ ЗАВРШИЈА ПОСЛЕДНИ ВО ГРУПАТАМакедонија во конечниот поредок ќе биде 11-та, што е повторување на пласманот од последното европско првенство (Фото: ЕХФ)

    Македонската ракометна репрезентација го заврши учеството на Европското првенство во Хрватска со катастрофален пораз од олимпискиот првак Данска со 20:31, откако на полувремето имаше 12:12.

    Македонија пристигна во Вараждин со амбиции да се бори за полуфиналето, но место тоа, забележа три порази во втората фаза, па од првото падна на последното место во групата.

    Во конечниот поредок, Македонија ќе го освои разочарувачкото 11. место, што е повторување на пласманот од последното европско првенство, иако беше непоразена по првата фаза. На тој начин, како единствена придобивка од ова првенство останува тоа што Филип Талески и Филип Кузмановски полека ја преземаат улогата на носители на играта.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира