Македонската нордиска скијачка Викторија Тодоровска го зазеде 85. место на трката на 10 километри на своето олимписко деби во Пјонгчанг.
Седумнаесетгодишната Тодоровска ја помина оваа делница со слободен стил за време од 32 минути, 57 секунди и шест стотинки.
Таа имаше заостаток од 7:57 минути зад новата олимписка шампионка Рагнхилд Хага од Норвешка. Како втора финишираше Шарлот Кала од Шведска, а бронзата им припадна на легендарната Норвежанка Марит Бјерген и на Финката Криста Пармакоски, откако имаа исто време на целта.
Во конечниот поредок, само пет скијачки беа побавни од младата Тодоровска.