НАД 1.500 НАТПРЕВАРУВАЧИ НА „ОХРИД ТРЧАТ“, ПОБЕДИЈА ДАРИО ИВАНОСКИ И ТЕОДОРА СИМОВИЌ

    НАД 1.500 НАТПРЕВАРУВАЧИ НА „ОХРИД ТРЧАТ“, ПОБЕДИЈА ДАРИО ИВАНОСКИ И ТЕОДОРА СИМОВИЌПобедниците на атлетската манифестација „ОхридТрчаТ“. (Фото: Фејсбук)

    На атлетската манифестасција „Охрид трчаТ“ што денес се одржа низ улиците на Охрид на десеткилометарската патека победници се најдобриот македонски атлетичар Дарио Иваноски и српската атлетичарка Теодора Симовиќ

    Ивановски делницата ја помина за 31 минута и 55 секунди и стигна до втората победа на „Охрид трчаТ“. Ивановски победи во првото издание одржано 2017 година. Симовиќ десетте километри ги истрча за 37 минути и 56 секунди.

    Втората позиција во машка конкуренција му припадна нас Милош Ранчиќ кој имаше време (34:17), а третопласиран беше Муџахит Мислимоски со (34:41). Во женска конкуренција сребрената медалја ја освои Адријана Поп Арсова со време (39:10), а бронзата и припадна на Бугарката Билсерин Сулејман (40:41).

    Во рамките на манифестацијата „Охрид трчаТ“ се одржа и рекреативна трка во должина од пет километри. Прв на целта во машка конкуренција стигна Кристијан Стојани со време (18:33), а Елена Даниловска беше најдобра во женска конкуренција со време (24:17). Во машка конкуренција на тим билдинг трките на 10 и 5 километри победници се „Делта“ односно „Ласовски Дентал“, додека во женска конкуренција на 10 километри најбрзи беа членовите од „Најк Ран клуб“, а на пет први финишираше екипата од „Костал“.

    На годинешнава манифестација „Охрид трчаТ“ беа пријавени 1.585 натпреварувачи.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира