Над 100 моторџии продефилираа по штипските улици и на крајот се собраа на Плоштадот Слобода во Штип, во чест на титулата Европски шампион на македонскиот државен првак во класата Ф-1000, штипјанецот Петре Мијалков.
„Станува збор за Источен европски шампионат, но тоа се вкупно 22 трки или етапи преку годината кои се возат низ цела Европа. Учествуваа 90 натпреварувачи, од кои 58 беа активни. По сите трки се сумираат вкупните резултати и според нив јас станав европски шампион. Задоволен сум што после ланската вицешампионска титула годинава се стекнав и со шампионската и освоениот златен медал“, вели Мијалков кој во трката во Чешка имаше тежок пад и пауза од два месеца, но брзо се врати и ја освои титулата.
Тој планира и догодина да учествува на овој шампионат за да ја потврди шампионската титула и се надева дека за тоа ќе се обезбедат подобри финансиски услови и нов мотор со повисока класа.
Т. ЈОВАНОВСКИ




