НАВИВАЧИТЕ НА РОМА ГО БОЈКОТИРАА ДЕРБИТО СО ЛАЦИО, НЕ САКААТ ОГРАДИ НА ТРИБИНИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:14:"Рим,(АП)

    НАВИВАЧИТЕ НА РОМА ГО БОЈКОТИРАА ДЕРБИТО СО ЛАЦИО, НЕ САКААТ ОГРАДИ НА ТРИБИНИТЕ

    Најверните поддржувачи на Рома го бојкотираа денешното фудбалско дерби против Лацио како протест против оградите поставени во нивниот дел од стадионот во Рим. Делот од трибините на стадионот „Олимпико“ наречен „Курва суд“, кој вообичаено е исполнет со навивачи со огромни транспаренти, факели и со песни, овојпат беше празен.

    Тројца од фудбалерите на Рома кои се родени во Рим имаа состанок со навивачите неделава. Франческо Тоти, Даниеле де Роси и Алесандро Флоренци ги замолија навивачите да не го бојкотираат натпреварот, а и клубот се обиде да ја расчисти ситуацијата, но без успех. За споредба, навивачите на Лацио го наполнија нивниот дел од стадионот. Оградите од плексиглас беа поставени од градските власти од безбедносни причини.  

    На крајот, и без своите навивачи, Рома го победи Лацио со 2:0.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира