НЕ СЕ ПРЕДАДОВМЕ И КОГА ГУБЕВМЕ СО ЧЕТИРИ ГОЛА, ПОРАЧА МАНАСКОВ ПО ПОБЕДАТА НАД ТУНИС

a:1:{s:9:"td_source";s:16:"Мец,(ЕХФ)

    НЕ СЕ ПРЕДАДОВМЕ И КОГА ГУБЕВМЕ СО ЧЕТИРИ ГОЛА, ПОРАЧА МАНАСКОВ ПО ПОБЕДАТА НАД ТУНИС

    Македонската ракометна репрезентација го почна Светското првенство во Франција со победа од 34:30 над Тунис, а крилото Дејан Манасков беше втор стрелец со седум гола од десет обиди. Тунижаните беа подобар тим во првото полувреме и на почетокот од вториот дел имаа и предност од четири гола. Потоа, со серија од 5:0, Македонија направи пресврт и поведе со 32:28 и го задржа водството од четири гола до крајот.

    „Тежок натпревар против Тунис. Не се предадовме кога губевме со четири разлика и на крајот победивме со четири разлика. Мислам дека денеска разликата ја направи нашата игра 7 на 6 и одигравме посебно добро во второто полувреме. Треба да бидеме посконцентрирани при шутевите, бидејќи во првото полувреме промашивме неколку. Сега имаме еден ден да се одмориме, по што не очекува натпреварот со Ангола“, кажа Манасков по мечот во Мец.

    Кире Лазаров со 12 гола беше прв стрелец и беше прогласен за играч на натпреварот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира