Младата ѕвезда на Реал Мадрид Дани Себалјос, кој со своите соиграчи попладнево допатува во Скопје за натпреварот со Манчестер Јунајтед, денеска го слави својот 21. роденден. Тој на Tвитер напиша дека освојување на трофејот во Суперкупот ќе биде најдобар можен подарок за неговиот роденден.
Себалјос на социјалната мрежа се заблагодари за роденденските честитки, додавајќи дека подигнувањето на трофејот ден по неговиот 21. роденден, би било неверојатно.
Себалјос летово потпиша за кралскиот клуб, откако изминатите 4 сезони беше дел од фудбалскиот клуб Бетис и беше еден од најдобрите на Европското првенство во Полска за играчи до 21 година.