Околу 600 навивачи од Македонија се очекува да присуствуваат на фудбалскиот натпревар Албанија-Македонија што се игра вечерва во Скадар на почетокот од квалификациите за Светското првенство во Русија. Половина од нив тргнаа со автобуси од Прилеп, Куманово и Скопје да и дадат поддршка на македонската репрезентација, а другата половина се од „Балисти“, навивачката група на Шкендија, кои утринава тргнаа од Тетово да навиваат за домашната селекција на стадионот „Лоро Боричи“.
Натпреварот во Скадар е со почеток од 20.45 часот. Капацитетот на стадионот од 16.000 места е распродаден, а за обезбедување се ангажирани над 900 полицајци. На вечерашниот меч е најавено и присуство на албанскиот премиер Еди Рама.
Македонија и Албанија играа во Скадар и пред девет години, кога Македонија победи со 1:0.
ОД 600 НАВИВАЧИ ОД МАКЕДОНИЈА, 300 ЌЕ НАВИВААТ ЗА АЛБАНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СКАДАР
a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)