ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ПОВТОРНО ВО ПАРИЗ ПО 100 ГОДИНИ, СЕ СПРЕМА СПЕКТАКУЛАРНО ОТВОРАЊЕ НА РЕКАТА СЕНА

    ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ПОВТОРНО ВО ПАРИЗ ПО 100 ГОДИНИ, СЕ СПРЕМА СПЕКТАКУЛАРНО ОТВОРАЊЕ НА РЕКАТА СЕНА

    Игри ширум отворени“ е мотото на 33. Олимписки игри во Париз, кои официјално се отвораат вечерва, иако некои натпревари веќе почнаа. Француската престолнина е домаќин на летната олимпијада за првпат по 100 години и најголемиот дел од натпреварувањата ќе се одвиваат во и околу најпознатите градски области.

    Церемонијата на отворањето, која почнува во 19:30 часот, ќе биде посебна и првпат во историјата нема да се одржи на стадион, туку спортистите и делегациите ќе пловат шест километри по Сена во 100 бродови, а на брегот се очекуваат 300.000 гледачи.

    Малку детали се знаат за настанот, се шпекулира дека ќе настапат Селин Дион и Леди Гага, а уметничкиот директор на отворањето Томас Жоли изјави дека сакал да ја прикаже Франција во сите нејзини различности. Игрите во Париз се првите кои постигнаа целосна родова еднаквост, па ќе настапат 5.250 спортисти и исто толку спортистки. Македонија ќе има шестмина претставници.

    Франција е спремна и ќе биде спремна во текот на Игрите“, изјави претседателот Емануел Макрон.

    Игрите ќе се одржуваат и под засилени безбедносни мерки, па така во секој момент ќе патролираат 5.000 полицајци, војници и ангажирани чувари. Реката Сена ќе биде оградена за време на вечерашната церемонија и пристапот до одредени области ќе биде строго ограничен и контролиран.

    Се проценува дека цената на организацијата е девет милијарди евра и се најавува дека ова ќе бидат најзелените ОИ во историјата, при што се изградени само две нови спортски арени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира