ПАНЧЕВ СОБРА БРОЈНИ ФУДБАЛСКИ ЛЕГЕНДИ НА ПРЕМИЕРАТА НА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ ЗА НЕГОВАТА КАРИЕРА

    ПАНЧЕВ СОБРА БРОЈНИ ФУДБАЛСКИ ЛЕГЕНДИ НА ПРЕМИЕРАТА НА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ ЗА НЕГОВАТА КАРИЕРА„Патот на Кобра до ѕвездите“ го следи фудбалскиот пат на легендарниот голгетер (Фото: АТА)

    Бројни легенди на македонскиот и југословенскиот фудбал му укажаа чест на Дарко Панчев и дојдоа во Скопје на премиерата на документарниот филм за неговата кариера, што се одржа синоќа во хотелот „Александар палас“.

    Панчев со сопругата Маја и ќерките Надица и Марија (Фото: АТА)

    Насловен „Патот на Кобра до ѕвездите“, филмот е продукција на регионалната спортска телевизија „Спорт клуб“ и го следи фудбалскиот пат на легендарниот голгетер на Вардар и Црвена звезда, со која ги покори и Европа и светот. Меѓу присутните беа и други членови на таа трофејна генерација на „црвено-белите“, како Дејан Савиќевиќ, Драгиша Биниќ, Слободан Маровиќ, Илија Најдоски и Стеван Стојановиќ.

    Покрај нив, на премиерата дојдоа и други фудбалски великани, како Драган Стојковиќ-Пикси, Васил Рингов, Методија Спасовски, Бошко Ѓуровски, Вујадин Станојковиќ и Драган Канатларовски, а во постојано друштво на Панчев беа и неговите најблиски, сопругата Маја и ќерките Надица и Марија.

    Меѓу гостите беа и Драган Стојковиќ-Пикси и Дејан Савиќевиќ (Фото: АТА)

    Во филмот кој трае еден час и 18 минути се појавуваат 45 личности од спортот, културата и секојдневниот живот на Панчев. Снимањето траело 60 дена и притоа биле собрани 200 часови материјал, па филмот е само вовед во серијата за Панчев, што ќе се емитува на „Спорт клуб“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира